Достапни линкови

logo-print

Реис Реџепи: седиштето на ИВЗ е окупирано од криминалци


Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема, Ефенди Сулејман Реџепи

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема, Ефенди Сулејман Реџепи

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи оцени дека седиштето на ИВЗ во Скопје било окупирано од криминалци и оти вработените таму биле во заложништво. Тој додаде дека очекува истражните органи да го ослободат седиштето на ИВЗ во кое вчера упадна група приврзаници на скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. Сулејмани него пред една недела го разреши од должноста. Шабани вели дека Реџепи тоа го сторил без образложение и ги прекршил сите нормативни акти на ИВЗ.

XS
SM
MD
LG