Достапни линкови

Белата куќа го осуди нападот во Далас


Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави денеска дека не постои ниту една форма на изразување кое го оправдува актот на насилство, коментирајќи го нападот во близина на американскиот град Далас. Во нападот беа убиени две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Американските власти во меѓувреме соопштија и дека агенти на ФБИ вршат претрес на стан во Феникс во јужната држава Аризона, како дел од истрагата за нападот.

XS
SM
MD
LG