Достапни линкови

Убиени 16 полицајци во напади во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека во напади на контролни пунктови на талибанците во северозападната покраина Бадакшан загинале најмалку 16 полицајци. Според нив, 13 од жртвите се припадници на граничната полиција, а останатите тројца се припадници на безбедносните сили. Властите посочија и дека 7 полицајци се уште се водат за исчезнати по нападите. Талибанците ја презедоа одговорноста за координираните напади.

XS
SM
MD
LG