Достапни линкови

logo-print

Развој на прекуграничната соработка со Албанија


Планината Кораб на границата со Албанија.

Планината Кораб на границата со Албанија.

Невладиниот сектор од Македонија и Албанија до 2020 година ќе имаат на располагање 12 милиони евра за прекугранична соработка.

Преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ, на Македонија и Албанија до 2020 година ќе им бидат на располагање 12 милиони евра, средства со кои невладиниот и граѓанскиот сектор ќе може да реализираат заеднички проекти. Тоа ќе им помогне да влијаат врз подобрување на животот на граѓаните од двете страни на границата, но и да ја подобрат меѓусебната соработката. Неодамна во Струга беше промовирана новата програма.

Со програмата и досега и двете држави постигнаа напредок имајќи ја предвид географската и демографската погранична линија во коишто е многу тешко да се вметнат инвестиции.

„Со програмата и досега и двете држави постигнаа напредок имајќи ја предвид географската и демографската погранична линија во коишто е многу тешко да се вметнат инвестиции за економски развој. Претходната ИПА програма 2007-2013 година од Министерството за локална самоуправа е искористена со над 80 отсто“, рече Лирим Шабани, министер за локална самоуправа на Македонија.

Министерката за евроинтеграции на Албанија, Клајда Ѓоша, очекува фондовите на ЕУ двете држави максимално да ги искористат.

Им се помага на оние зони кои немаат големи инвестиции. Затоа ЕУ се фокусира во овие прекугранични области.

„Не треба да заборавиме дека им се помага на оние зони кои немаат големи инвестиции. Затоа ЕУ се фокусира во овие прекугранични области, за да им помогне, не само во развојот на инфраструктурата, и не само со инвестиции од различни области како што се туризмот, културата, историјата на овие двете земји, туку тоа е фонд којшто се става на располагање за да се отворат што повеќе работни места за граѓаните кои живеат близу до границата на двете земји“, рече Ѓоша.

Гоце Толески, раководител на заеднички технички секретаријат од Струга, вели дека оваа програма помогнала во надминување на бариерите и стереотипите кои постоеле помеѓу граѓаните.

„Основната мисија на оваа програма е да се срушат многу табуа, да се ослободат луѓето и нормално да комуницираат меѓу себе. Дали тоа ќе биде економска соработка или соработка во сфера на екологија и култура, тоа е најмалку важно. Важно е довербата помеѓу народите да се подигне на повисоко ниво, на она ниво кое го имаат соседните држави во ЕУ“, рече Толески.

XS
SM
MD
LG