Достапни линкови

Попоски-Клучни три месеци за оценка на политичкиот дијалог


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека Декларацијата на мониторинг комисијата на Советот на Европа за Македонија, се базира на некои воспоставени стандарди на ЕУ, при што дијалогот во рамки на институции или институционалниот одговор е првиот столб за надминување на криза. Според него, недостигот на конструктивен дијалог е нешто што ќе и нанесе сериозна штета на Македонија. Според него, извештајот за напредокот на земјата се подготвува и ова се клучни три месеци во кои најдлабоко ќе бидат оценувани резултатите во делот на политичкиот дијалог.

Во врска со објавувањето на прислушуваните телефонски разговори, според Попоски, на тоа мора да се гледа како целокупен процес, затоа што ЕУ се изјаснила дека нема да навлегува ниту во индивидуален случај, ниту во институционалниот одговор во Македонија. Во однос на предлог мерките за градење доверба со Грција, Попоски информира дека веќе се разменети предлозите и се дефинира што е прифатливо за двете страни.

XS
SM
MD
LG