Достапни линкови

logo-print

НАТО-Авганистанските сили ќе ги поразат талибанците


Портпаролот на мисијата на НАТО за поддршка на Авганистан, Стивен Смитмен изјави дека авганистанските сили ќе ги поразат талибанците во борбите во близина на северниот град Кундуз. Според него, авганистанската војска има воздушна и други видови на поддршка и не е важно како се тренирани талибанците, бидејќи ќе бидат поразени. Тој порачува и дека реонот околу Кундуз е тежок и затоа на авганистанските сили им е потребно време за да ги поразат талибанците, но тој очекува тоа да се случи за неколку недели.

XS
SM
MD
LG