Достапни линкови

logo-print

Роднините на Царнаев ќе сведочат пред судот во Бостон


Џокар Царнаев

Џокар Царнаев

Роднините на Џокар Царнаев, кој е осуден за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон денеска ќе сведочат пред поротата која треба да одлучи дали тој ќе добие смртна казна. Пет негови роднини кои се очекува да сведочат вчера од Русија допатуваа во Бостон. Поротата треба да одлучи дали Царнаев ќе биде егзекутиран или ќе добие доживотна казна за неговото учество во бомбашкиот напад во 2013 година при кој загинаа три лица, а повеќе од 260 беа повредени.

XS
SM
MD
LG