Достапни линкови

Пуч во ИВЗ?


Ибрахим Шабани, разрешениот скопски муфтија.

Ибрахим Шабани, разрешениот скопски муфтија.

Исламската верска заедница е во вонредна состојба, раководството е отстрането, а за привремен раководител е поставен разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани, соопштија неговите приврзаници. Реисот Сулејман Реџепи утринава не беше достапен за коментар. Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско присуство.

Утринава имало инцидент пред влезот на ИВЗ. Шабани и негови поддржувачи влегле во седиштето, но наишле на отпор од вработените и редарите, при што бил употребен и електричен пиштол. Во инцидентот едно лице е полесно повредено.

Минатата недела скопскиот муфтија Шабани јавно побара од Реџепи да му се извини за наводните навреди. Два дена подоцна, Реџепи свика седница на Риасетот при што скопскиот муфтија беше разрешен од функцијата.

XS
SM
MD
LG