Достапни линкови

ДУИ го изгуби патот и треба да реши дали до крај ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ или ќе се отцепи, велат познавачите. Според нив, партијаат сака да има одлучувачки фактор, но реалноста е дека само е во служба на ВМРО-ДПМНЕ.

Демократската Унија за интеграција сака да има клучна улога во актуелните случувања во земјава и да биде одлучувачки фактор, но реалноста е дека таа и служи на ВМРО-ДПМНЕ, вели професорот Башким Селмани, анализирајќи ја позицијата на ДУИ во актуелниот политички контекст.

Да сака ДУИ за 24 часа можат да се подобрат работите во Република Македонија, а тие се служителки на ВМРО-ДПМНЕ и не верувам дека ќе има некоја добра иднина.

„ДУИ сака да опстанува, да делува како одлучувачки фактор, а всушност не се прашува ни од страна на својот партнер, ниту од страна на надворешната политика. Јас мислам дека ДУИ го има изгубено патот, а од моментот кога го губите патот, вие барате џаре. Значи не е коректно треба или до крај да одите со ВМРО-ДПМНЕ, или да се отцепат еднаш засекогаш. Да сака ДУИ за 24 часа можат да се подобрат работите во Република Македонија, а тие се служителки на ВМРО-ДПМНЕ и не верувам дека ќе има некоја добра иднина.“

Тоа што Муса Џафери и Артан Груби се веќе во Брисел на средби со европските претставници, за да ги презентираат ставовите на ДУИ од последните случувања во Македонија за политикологот Соња Стојадиновиќ е потврда дека целта на партијата е да ги вметнат своите политички интереси на маса.

Најверојатно играта на СДСМ е тие да остават внатре во албанското гласачко тело, самото тело да размисли дали да ги награди ДУИ на следните избори, оти тие многу добро знаат кои се криминалите на ДУИ, и Заев нема намера да се меша во расчистувањето на тоа меѓу нив.

„Целата причина поради која на некој начин се замислуваат тие преговори е да издејстуваат свој кредибилитет пред гласачкото тело, за да можат ако овие преговори успеат, тие да си останат на власт и во следната влада.“

Селмани уверува дека функционерите на ДУИ не се плашат од бомбите на опозицијата, зошто според него тие користат други методи на комуникација.

„Реално тие не комуницираат по телефонските линии, тие имаат посебна структура на функционирање, функционираат очи во очи, бидејќи мала група раководи со партијата и затоа не верувам дека има подетални информации од прислушувањето. Немаат како што има ВМРО-ДПМНЕ.“

И според Стојадиновиќ членовите на ДУИ се многу посмирени во контекст на објавувањето на бомбите. Според неа најверојатно постои договор меѓу СДСМ и ДУИ да не се објавуваат компромитирачки материјали за албанскиот коалициски партнер.

„Најверојатно играта на СДСМ е тие да остават внатре во албанското гласачко тело, самото тело да размисли дали да ги награди ДУИ на следните избори, оти тие многу добро знаат кои се криминалите на ДУИ, и Заев нема намера да се меша во расчистувањето на тоа меѓу нив.“

Од партијата на Ахмети веќе подолго време инсистираат и тие да имаат свои претставници во преговорите за излез од политичката криза во Македонија. Селмани уверува дека ДУИ може да помогне во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ онолку колку што ВМРО-ДПМНЕ ќе и дозволи. Стојадиновиќ, пак, прогнозира дека владината коалиција нема долго да опстане, иако е факт дека економските и партиските интереси се тие кои се уште ги држат заедно.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG