Достапни линкови

Во Далас убиени две вооружени лица


Во близина на американскиот град Далас полицијата убила две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Инцидентот е одраз на минатите слични напади или закани во други западни земји против прикажувањето на Пророкот Мухамед.

Властите на Гарланд соопштија дека двете лица од автомобил почнале да стрелаат врз припадник на службата за безбедност кој бил ранет во ногата, по што полицијата која асистирала во осигурувањето на настанот возвратила на огнот.

Полицијата не прецизира дали вооружените лица биле поврзани со критичарите на настанот кој беше оценет како антиисламски.

Полицијата извршила и преглед дали имало експлозив во нивниот автомобил.

Натпреварот за најдобра карикатура на Пророкот Мухамед бил организиран од претседателката на Иницијативата за одбрана на американската слободи Памела Гелер. Нејзината организација од активистите за човекови права е окарактеризирана како група која шири омраза во Соединетите држави. Натпреварот во Гарланд бил насловен како „Изложба за Мухамед“. До инцидентот дошло при крајот на настанот.

Полицијата не прецизира дали вооружените лица биле поврзани со критичарите на настанот кој беше оценет како антиисламски.

Повеќето од посетителите и учесниците се уште биле внатре и воопшто не знаеле што се случува се додека полицијата не ги предупредила да ја напуштат зградата од споредните излези.

Западното прикажување на Пророкот Мухамед често пати предизвикува бес кај муслиманите и провоцира закани од страна на радикалите.

Во јануари годинава во Париз вооружени исламисти, како реакција на карикатура на Мухамед ја нападнаа редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ при што убија 12 луѓе.

Организаторите на натпреварот во Гарланд понудија награда од 10 илјади долари за најдобар приказ на Пророкот Мухамед како и награда од 2 ипол илјади долари за онаа што ќе биде избрана од публиката. Гелер е позната по нејзиниот став против исламот.

Памела Гелер

Памела Гелер

Таа во 2010 година го предводеше маршот против предложениот исламски центар во близина на местото каде што беше уништен Светскиот трговски центар по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Како одговор на пукањето во Гарланд, нејзината организација реагираше на Фејсбук:

„Ова е војна за слободен говор. Што ќе преземеме сега? Дали ќе им се предадеме на овие чудовишта?“.

Како гостин на натпреварот бил и холандскиот политичар Герт Вилдерс кој како поборник против исламот е на списокот на џихадистите за убивање. Тој во говорот изјави дека прикажувањето на Пророкот Мухамед и кршењето на еден од најголемите муслиманки табуа се акти на ослободување.

„Нашата порака е едноставна, нема никогаш да дозволиме варварството и Исламот да ни ја одземат нашата слобода“, го цитира новинската агенција Ројтерс холандскиот политичар Герт Вилдерс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG