Достапни линкови

logo-print

Руските „Ноќни волци“ влегоа во Германија


Германската полиција соопшти дека извесен број мотоциклисти од руската група „Ноќни волци“ влегле во Германија на патот што на 9 мај треба да заврши во Берлин. Полицијата додаде дека мотоциклистите влегле од Австрија, но без да прецизира за колкав број станува збор. Групата „Ноќни волци“ е блиска до Кремљ и е на турнеја како одбележување на 70 годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Некои европски земји како Полска одбија да им одобрат влез како реакција на руската улога во сегашниот украински конфликт.

XS
SM
MD
LG