Достапни линкови

logo-print

Во Далас убиени две вооружени лица


Властите во близина на американскиот град Далас соопшти дека биле убиени две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Властите на Гарланд соопштија дека двете лица од автомобил почнале да стрелаат врз припадници на службата за безбедност, по што полицијата возвратила на огнот. Иницијативата за одбрана на американската слобода организираше натпревар за најдобра карикатура на Пророкот Мухамед. Во јануари годинава во Париз вооружени исламисти, како реакција на карикатура на Мухамед ја нападнаа редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ при што убија 12 луѓе.

XS
SM
MD
LG