Достапни линкови

logo-print

Бојкотот на средношколците во петта недела


Средношколскиот Пленум соопшти дека бојкотот на наставата од денеска влегува во својата петта недела и оти Средношколскиот Фронт пред Министерството за образование и наука продолжува и влегува во втората недела. Средношколскиот Пленум наведува и дека на последната средба од преговорите со Министерството, одржана во минатиот четврток, не бил постигнат никаков договор. Моменталната состојба на преговорите била полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година и продолжување на екстерното тестирање што не е прифатливо за средношколците кои загубија од својата настава веќе еден месец.

XS
SM
MD
LG