Достапни линкови

Спасени четири илјади мигранти од Медитеранот


Илустрација.

Илустрација.

Италијанската крајбрежна служба соопшти дека спасила 3960 мигранти вчера и рано изутрината од бродови во близина на брегот на Либија. Се очекуваат нови спасувачки операции во текот на денот. Сите спасени се однесени во Италија, а нивната националност сè уште се утврдува. Италијанските власти соопштија дека вчера биле спроведени 17 различни спасувачки операции. Криумчарите го искористија мирното море и топлото време да се ги пренесат мигрантите од Африка во Европа. Најмалку 1750 луѓе загинаа оваа година во обид да го преминат Средоземното Море. Околу 800 мигранти се удавија минатиот месец кога нивниот брод се преврте во близина на Либија. Лидерите на ЕУ минатиот месец се согласија да дадат повеќе пари за спасувачките операции во Медитеранот.

XS
SM
MD
LG