Достапни линкови

Јункер: Грција може да добие околу три милијарди евра


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја исклучи можноста од банкрот на Грција и покрај значителното забавување на преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори.

Јункер истакна дека грчката Влада може да добие околу три милијарди евра оваа година без да поднесе барање за овие пари пред кредиторите.

Тој ги поздрави напорите направени од ЕК за поддршка на грчката Влада, додавајќи дека тие се главно насочени кон употреба на најдобриот можен начин на постоечките финансиски ресурси на ЕУ.

Во меѓувреме, грчката Влада покажа желба за компромис во преговорите, кои ги води со меѓународните кредитори за обезбедување транша од спасувачкиот план за Грција во износ од 7,2 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG