Достапни линкови

Флојд Мејведер победи во најдоходовниот бокс меч на сите времиња


Американецот Флојд Мејведер го победи филипинскиот боксер Мени Пакуиао во најбогатиот боксерски натпревар во историјата на боксот. Борбата на векот, како што ја нарекоа медиумите, се одржа во Арената Гранд гарден во Лас Вегас пред 17 илјади гледачи. Со приходи од 400 милиони долари, ова е најдоходовниот бокс меч во историјата. Се очекува 38-годишниот Мејведер на инкасира најмалку 180 милиони долари. Со 48 победи и ниту еден пораз, тој најави дека ќе се пензионира по следната рунда натпревари во септември.

Кусо пред мечот, претседателот на Филипините Бенињо Акино му заблагодари на Пакуиао зашто „му дава инспирација на секој Филипинец кој се бори против животните предизвици да обезбеди подобра иднина“.

XS
SM
MD
LG