Достапни линкови

Бројот на загинати од земјотресот во Непал надмина 7 илјади


Бројот на загинати од земјотресот во Непал надмина седум илјади, но се очекува тој број да расте со оглед на тоа што илјадници луѓе се водат како исчезнати, соопштија денеска властите. Во земјотресот од 7,8 степени што ја погоди оваа хималајска земја на 15 април има и 14 илјади повредени. Властите веќе не очекуваат да пронајдат преживеани под урнатините. Нивниот фокус од пребарување на урнатините се префрли на обезбедувањето помош за преживеаните во оддалечените области, што е попречено од лизгањето на земјиштето, лошите временски услови и недостигот од хеликоптери.

ОН побараа од Непал да ги олабави царинските контроли, кои, како што велат, ја забавуваат доставата на странска помош. Непал ги укина увозните давачки за шатори и друга стока на 1 мај, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите стоки што доаѓаат од странство мора да бидат проверени.

XS
SM
MD
LG