Достапни линкови

Саудиска Арабија користела касетни бомби во Јемен?


Коалицијата предводена од Саудиска Арабија користи касетни бомби во воздушната кампања против шиитските Хаути бунтовници во Јемен, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч. Организацијата денеска објави дека собрале фотографии, видео снимки, како и други докази дека касетни бомби биле користени во воздушните напади врз упориштата на Хаути во северниот планински дел на Јемен. Бомбите паднале само на 600 метри од населени места со што локалното население било доведено во опасност. Касетните бомби се забранети со договор од 2008 година потпишан од 116 земји, но не и од Саудиска Арабија и нивните коалициони партнери или од САД. Саудиска Арабија негира дека користела касетни бомби во Јемен.

XS
SM
MD
LG