Достапни линкови

logo-print

Иран против загрозување на безбедносните интереси со Јемен


Иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин-Амир Абдулахиан изјави дека Иран има заеднички безбедносни интереси со Јемен и оти нема да дозволи други регионални актери да ги загрозат тие интереси. Тој рече дека нема да им биде дозволено на други земји да ја ризикуваат безбедноста со „воени авантури“ јасно алудирајќи на едномесечната воена кампања на Саудиска Арабија и други земји во Јемен.

Односите меѓу Иран и Саудиска Арабија се влошија поради конфликтот во Јемен, каде што Саудијците водат заедничка воена акција против шиитските Хаути бунтовници кои се верува дека имаат иранска поддршка.

Во меѓувреме, меѓународната заедница го сврте вниманието кон хуманитарната криза во Јемен, каде што во борбите загинаа околу 1250 луѓе.

XS
SM
MD
LG