Достапни линкови

СДСМ: Јавното обвинителство реагира како политичка партија


Јавното обвинителство реагира како да е политички субјект, а не правосуден орган и се затскрива зад обвинителите, реагира СДСМ, откако Јавното обвинителство соопшти дека опозициската партија врши притисок врз судот.

„Да имаше Јавното обвинителство каков било аргумент за покренувањето на обвинителниот акт против обвинетите во конструираниот случај Пуч, ќе го соопштеше јавно пред граѓаните на Македонија. Јавното обвинителство нема аргументи“, стои во реакцијата на СДСМ.

XS
SM
MD
LG