Достапни линкови

Груевски - „бомбите“ нè созреаја


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата кој се одржува во Куманово, рече дека и тој сакал истрага за она за што обвинуваат од СДСМ.

„Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара во таа истрага. Ние ќе постапуваме европски, иако баш ваков случај нема во Европа каде што шефот на опозицијата со месеци пушта нелегални материјали, а голем број на медиуми ги објавуваат“, рече Груевски во Куманово.

Тој рече дека „бомбите“ независно колку разговорите се монтирани, лепени и сечени, сепак, им ги збиле редовите во партијата.

„Не потсетија дека нема време и простор за опуштање, дека колку и да е слаба опозицијата секогаш има некој што може да нападне со силно оружје колку и да е тоа нефер или недозволено. Бомбите дополнително нè созреаја и нè направија поконцентрирани за да му служиме на народот. Ова е за сите нас корисна лекција, подобро скокање во ладна вода сега кога не сме се опуштиле, отколку да добиевме ладен туш од граѓаните на следни избори“, рече Груевски.

На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Никола Груевски е единствен кандидат за претседател на партијата.


XS
SM
MD
LG