Достапни линкови

Самоубиствен бомбашки напад во Ирак, најмалку 6 жртви


Најмалку шест луѓе загинале во самоубиствен бомбашки напад западно од ирачкиот главен град Багдад, соопштија тамошните власти. Новинската агенција Асошиетед пресцитира неименуван полициски службеник кој вели дека напаѓачот кој возел автомобил бомба влетал во воен штаб во градот Гарма, каде што владините сили и сојузничките војски се борат против милитантите на Исламската држава. Според полицискиот службеник најмалку тројца од загинатите се војници.

Но извештајот не може да биде независно потврден.

XS
SM
MD
LG