Достапни линкови

Изгаснат пожарот кај Чернобил


Големиот шумски пожар кој избувна околу украинската напуштена нуклеарна централа Чернобил е целосно изгаснат, соопшти украинската Итна служба. Од таму соопштуваат дека пожарот бил изгаснат утрово во 8 часот по локално време, а радијацијата во областа зафатена со пожар била нормална. Пожарот избувна на 28 април, во шумите кои сè уште се делумно загадени од нуклеарнаta катастрофа која се случи во 1986. Пожарот ги зголеми стравувањата за зголемување на зрачењето во Украина и во соседна Белорусија. Службите за вонредни состојби распоредија повеќе од 300 пожарникари, три авиони и еден хеликоптер да се борат со пожарот. Украинските официјални лица изјавија дека ова бил најголемиот пожар во Украина од 1992 година.

XS
SM
MD
LG