Достапни линкови

Малку веројатно да се пронајдат преживеани под урнатините во Непал


Властите во Непал соопштија дека се фокусираат на достава на храна и лекови во големите региони погодени од минатонеделниот земјотрес и оти шансите за пронаоѓање преживеани се ниски.

„Приоритет сега ќе биде доставувањето храна и хуманитарна помош, особено во најтешко погодените области како Долаха и Синдупалчок“, изјави портпаролот на Минситерството за внатрешни работи Лаксми Дакал.

Тој рече дека се обидуваат да најдат преживеани, но оти една недела по земјотресот тоа е малку веројатно.

Властите велат дека во земјотресот има 6.621 загинати и повеќе од 14 илјади повредени. Меѓу загинатите има најмалку 50 странци. Околу 1.000 европски планинари се водат како исчезнати.

ОН проценуваат дека 8 од 28 милиони жители на Непал се погодени од земјотресот, најлош во последните 80 години. Потребни се најмалку 2 милиони шатори, вода, храна и лекови.

XS
SM
MD
LG