Достапни линкови

Јавно обвинителство - СДСМ врши притисок врз судот


Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот познат во јавноста под името „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели исклучиво врз основа на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот кој треба да ја донесе конечната одлука, се вели во реакцијата на Јавното обвинителство по повод наводите во вчерашното соопштение на СДСМ за Обвинителниот акт во предметот „Пуч“.

„Со инпутирањето на политички влијанија во постапувањето на јавните обвинители, со толкување на работењето на јавните обвинители според субјективните потреби на лицата против кои се води постапката, како и со правење конструкција за можна завера при донесување на одлуките во јавното обвинителство, се сака да се наметне мислење во јавноста дека надлежниот јавен обвинител во предметот „Пуч“ постапува спротивно на законските одредби“, се вели во реакцијата.

Јавното обвинителство истакнува, воедно, дека во целина ги демантира наводите во соопштението на СДСМ во врска со наводно барање од надлежниот обвинител за доставување на пасошите на обвинетите за да ја замени мерката притвор со друга полесна мерка за обезбедување.

СДСМ вчера реагира дека одлуката на Јавното обвинителство за случајот „Пуч“ не е изненадување, затоа што токму партијата, со докази, аргументирано, објавила под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Македонија. Според партијата, Јавното обвинителство одлуката ја донело за само 6 дена, од вкупно 30 дена кои ги имало на располагање.

Во соопштението од СДСМ наведуваат дека одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и во злодела врз граѓаните на Македонија. Тоа што сега го очекуваат, како што посочуваат од партијата е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор.

XS
SM
MD
LG