Достапни линкови

Конгрес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре во Куманово ќе го одржи 15 Конгрес на кој се очекува да учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат претседател на партијата за следниот четиригодишен мандат.

Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.

Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата.

Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.

XS
SM
MD
LG