Достапни линкови

logo-print

Најлошата работа во светот ја има Роберт Пшел


Роберт Пшел е претставник на НАТО во Русија. Откако земјата ги прекина односите со Алијансата, како што вели Пшел, неговите контакти со властите се прекинати. Но, иако ја има најтешката дипломатска задача во светот тој не се откажува од функцијата.

Роберт Пшел вели дека се чуствувал како да е во Монти Пајтон филм кога направил рутински повик кон руското министерство за одбрана во јуни 2013 година. Не можеме да разговараме со тебе, е одговорот кој со вознемирен шепот, го добил од другата страна на линијата. Тогаш Пшел, кој е претставник на НАТО во Русија сфатил дека неговиот контакт со министерството е прекинат. Неформално ми соопштија дека јас повеќе немам право ни да им се јавам, вели тој.

Во последните неколку години инцидентите од овој вид, според него се чести во канцеларијата на НАТО во Москва и односите со земјата се на најниското ниво од завршувањето на Студента војна.

Можеби имам мазохистички порив. Јас всушност се уште уживам во мојата работа. Но, е стресно и фрустрирачки, бидејќи јас знам и сум потполно уверен за потенцијалот кој може да го има соработката.

За време на едно негово телевизиско гостување Пшел постојано бил прекинуван додека зборувал и нарекуван русофоб поради неговото полско потекло. Тој воедно билповикуван да објасни измислени наводи за убиството на стотици војници од Полска во источна Украина. Но и покрај тоа што Пшел можеби ја има најтешката дипломатска задача во светот тој не се откажува од позицијата.

„Можеби имам мазохистички порив. Јас всушност се уште уживам во мојата работа. Но, е стресно и фрустрирачки, бидејќи јас знам и сум потполно уверен за потенцијалот кој може да го има соработката“, вели тој.

Тој во Москва пристигна во декември 2010 година кога на Самитот во Лисабон, Алијансата и Русија воспоставија нова ера на стратешко партнерство. Во него беа вклучени и практични мерки за соработка, кои функционираа до почетокот на кризата во Украина. Во април минатата година НАТО ја суспендираше соработката со Москва, по руската анексија на Крим. Конфликтот во Украина само дополнително влијаеше на односите.

Но, Пшел вели дека соработката претходно била нарушена. Инцидентот со Министерството за одбрана, тој потенцира дека се случил речиси половина година порано. Според него, опипливите прашања дополнително се проблематизирале со антизападната реторика, која рускиот претседател Владимир Путин ја практикува за време на неговиот трет мандат, при што на НАТО гледа како на длабока безбедносна закана. Пшел нагласува дека анти-НАТО кампањата во Русија е главно за домашни политички цели.

„Започнува со супер агресивна, многу провокативна реторика која не е базирана на факти. Се создава таа нереалност дека овие момци и се непријатели на Русија“, вели тој.

Робер Пшел

Робер Пшел

Невообичаено отворен за дипломат и со неверојатна сличност со американскиот комичар Робин Вилијамс, Пшел ги зачинува неговите забелешки со анегдоти и колоритна експресија.

Тој вели кога пристигнал во Москва започнал да собира летоци кои содржеле комунистичка пропаганда, сега собира нови модерни летоци во кои, како што опишува, е застапено непријателската пропаганда кон НАТО.

Играта се менува, кога ќе ве прашаат дали НАТО стои зад Мајдан во Украина или дали НАТО планира да отвори воена база во Севастопол, тогаш мојата порака до нив е вратете се на планетата земја, вели Пшел.

Неговата канцеларија била и маргинализирана поради соработката со организации кои во земјата се окарактеризирани како странски агенти. Според него, руските претставници на власта не разбираат како западните институции функционираат.

Започнува со супер агресивна, многу провокативна реторика која не е базирана на факти. Се создава таа нереалност дека овие момци и се непријатели на Русија.

Како пример Пшел го посочува инцидентот со поранешниот амбасадор на НАТО во Русија и вицепремиер Дмитри Рогозин на кого не му било дозволено да посади топола во седиштето на алијансата во Брисел. Рогозин тогаш изјавил дека одлуката била политички мотивирана.

„Тој беше во НАТО 5 години и се уште не разбира како функционира организацијата. Но, тој веруваше оти одлуката ја донел генералниот секретар на НАТО. Северноатланскиот совет воопшто немаше удел, одлуката ја донесе градинарот, кој сметаше дека тополата е несоодветно дрво“, вели Пшел.

Запрашан како мисли дека ќе се одвиваат односите меѓу НАТО и Русија во иднина тој го цитира поранешниот генерален секретар Џорџ Робертсон - Мил пријателу доколку знаев што ќе се случи за 5 години, тогаш ќе тргував на берза, вели тој.

Како и да е Пшел е убеден дека ќе ја напушти неговата позиција до крајот на годината. Се разбира има периоди кога сметам дека некој друг треба да ме замени. Наредната камиказа ве молам, порачува Пшел на крајот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG