Достапни линкови

logo-print

Кривични пријави за 6 полицајци во Балтимор


Протестите во Балтимор

Протестите во Балтимор

Обвинителството од Балтимор најави кривични пријави против сите шест полицајци кои беа суспендирани откако еден афроамериканец почина додека беше во притвор. Смртта на 25 годишниот Фреди Греј предизвика протести и немири во американскиот град на источниот брег. Правобранителот на Балтимор Марлин Мосби изјави дека смртта на Греј била убиство. Според неа, апсењето на Греј било нелегално и третманот врз него во притворот резултирал со убиство. Греј почина по повреди на рбетот откако беше уапсен.

XS
SM
MD
LG