Достапни линкови

Уапсени 136 лица по судирите во Истанбул


Турските властисоопштија дека денеска биле уапсени 136 лица по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Истанбул. Турската полиција употребила солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите, кои се обиделе да стигнат од плоштадот Бешикташ до плоштадот Таксим, каде сакале да одржат протести по повод Меѓународниот ден на трудот. Демонстрантите возвратиле, фрлајќи камења и петарди кон безбедносните сили. Турските власти забранија одржување протести на плоштадот Таксим.

XS
SM
MD
LG