Достапни линкови

logo-print

Протест за социјална правда низ улиците на Скопје


Повеќе илајди граѓани денеска одржаа протест за социјална правда и работнички права низ улиците на Скопје, по повод 1 Мај. По пауза од повеќе години, марш одржа и Сојузот на Синдикати на Македонија

Од денеска на сцена е обид за обединување и почнување заедничко дејствување, порачаа повеќе илјади работници и активисти, потписници на повелбата за солидарност, во која членуваат неколку синдикати и движења, кои учествуваа на протест во Скопје по повод 1 мај, укажувајќи дека дека сиромаштијата е поголема од кога било, работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа и класните разлики се највисоки во Европа.

Се собравме овде не случајно. Ова е споменикот на синдикалното движење меѓу двете светски војни. И тогаш како и сега имаше два вида синдикати. Едните беа на страна на работниците, а другите ја штитеа власта, рече Здрвко Савевски од Солидарност во пораката упатена по повод 1 ви Мај

Протестот започна пред споменикот на Синдикатот меѓу двете светски војни кај Југодрво, од каде работници, стечајци, хонорарци, новинари и студенти, тргнаа со парола, „Не биди отпуштен да не бидеш отпуштен“, а протестот заврши пред Владата со повик учесниците да се потпишат за подршка на Средношколскиот планум кои бараат суштински промени во екстерното тестирање.

Како што е порачано на протестот, во Македонија изминатата година најмногу на удар биле вработените во јавниот сектор, особено во администрацијата, на кои им се наметнале бројни нови правила за полесна контрола и за полесно отпуштање на неподобните. Тие укажуваат дека и хонорарните работници се изложени на осиромашување поради наметнатата обврска да плаќаат придонеси за хонорарите, а на вработените во образованието фактички им е укинато правото да штрајкуваат преку легализирањето на штрајкбрехерството

„Бараме итно да отпочнат преговори за измени на законот за административни и судски службеници и на сите закони за јавниот сектор кои имаат за цел да направат послушни робови“, изјави Пеце Груевски.

„Јавна тајна е дека во образованието имаме вработувања со политички книшки“, а не со знаење, рече Ристе Николевски од Наставничкиот пленум

Додека УПОЗ при ССМ учесвуваше во протестот кој го организираше Повелбата за солидарност, ССМ пак по пауза од повеќе години денеска маршираа за солидарност и прочитаа првомајски манифест пред платото на зградата на ССМ.

Донсени се неколку законски решенија како законот за мобинг и измените и на Законот за безбедност при работа како и за минималана плата, беше наведено во прочитаниот првомајски проглас каде беше истакнато дека тоа се успеси. Претседателот на ССМ Живко Митревски на прашање зошто има два различни протеста рече дека тоа е поради различни гледишта.

Не станува збор за различни протести туку за различно видување на реализација на правата, изјави Митревски.

Како и да е претходно Потписниците на повелбата за солидарност излегоа со оценка дека учесниците на маршот на ССМ се принудени да бидат дел од тоа и порачаа дека борбата е една. Во меѓувреме и шаторите на средношколците остануваат пред Министерството за образование и наука и за време на 1 Мај.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG