Достапни линкови

logo-print

Одбележан 1 мај со протести низ светот, судири во Турција


Судирите на демонстгрантите и полицијата во Турција

Судирите на демонстгрантите и полицијата во Турција

Активисти и синдикати денеска одржаа протести низ Европа и светот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Најголемиот дел од протестите беа мирни и повикуваа на подобри услови за работниците и мир во светот. Меѓутоа на протестите во турскиот град Истанбул полицијата се судрила со демонстрантите, поради тоа што тие се обиделе да стигнат до плоштадот Таксим. Турските власти забранија одржување протести на Таксим. Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми да ги растера демонстрантите.

Во главниот град на Русија, Москва десетици илјади работници маршираа на црвениот плоштад. Тие наместо црвени знамиња со комунистичкиот срп и чекан носеа знамиња со доминантната партија во Кремљ и руското тробојно знаме.

Илјадници ирански работници денеска излегоа на протести во Техеран. Тие освен што бараа подобри услови протестираа и против вработувањето на странски државјани во земјата. Во земјата невработеноста изнесува околу 10 проценти. Повеќе од милион работници од Авганистан работат во Иран како градежници или земјоделци.

XS
SM
MD
LG