Достапни линкови

ССМ одржа марш на солидарност


Марш на солидарност на ССМ

Марш на солидарност на ССМ

Маршот на солидарност во организација на ССМ беше одржан денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Маршот почна пред платото на ССМ, а заврши на плоштадот Македонија. Синдикалниот лидер Живко Митревски побара потпишување колективни договори, обезбедување сигурни работни места, како и траен работен однос и работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници со кои ќе им обезбедат пристоен живот. Во меѓувреме беа одржани и протести на неколку синдикати против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот.

XS
SM
MD
LG