Достапни линкови

logo-print

Протест за работнички права во Скопје


Протести против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот беа одржени денеска во Скопје по повод Ден на трудот 1 мај. Протестот беше во организација на левичарските движења „Солидарност“ и „Ленка“, Синдикатот на новинарите и медиумските работници, Синдикатот на дипломатската служба, на вработените во културата, како и Синдикатот на УПОЗ и МЕССО, кои се гранкови синдикати на ССМ и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Протестот започна од југодрво, а заврши пред зградата на владата. По неколкугодишна пауза марш за солидарност одржа и Сојузот на синдикатите на Македонија.

XS
SM
MD
LG