Достапни линкови

Протести во Иран против странски работници


Илјадници ирански работници денеска излегоа на протести во Техеран по повод 1 мај. Тие освен што бараат подобри услови протестираа и против вработувањето на странски државјани во земјата. Ирански медиуми јавија дека демонстрантите се собрале во центарот на главниот град Багдад и носеле транспаренти испишани со зборовите „Вработувањето на странски работници резултира со недостиг на работа за Иранците“. Во земјата невработеноста изнесува околу 10 проценти. Повеќе од милион работници од Авганистан работат во Иран како градежници или земјоделци.

XS
SM
MD
LG