Достапни линкови

Хелсиншки и Меѓаши-Власта не ги почитува правата на младите


Средношколците протестираат пред Министерството за образование

Средношколците протестираат пред Министерството за образование

Хелсиншкиот комитет и Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, како организации кои со свои претставници беа присутни на вчерашната средба, реагираат на несоодветниот начин на кој беа третирани претставниците на Средношколскиот пленум од страна на високите државни функционери. Во нивното соопштение е наведено дека поставувајќи се од позиција на моќ министерот и заменик министерот за образование и наука и вицепремиерот Владимир Пешевски, се обиделе да го дискредитираат Средношколскиот пленум, а присутни биле и заплашувања доколку продолжат со бојкотот. Според нив, иако средбата траела час и 15 минути, претставниците на Средношколскиот пленум успеале да се изборат за време од 20 минути за образложување на нивните барања.

XS
SM
MD
LG