Достапни линкови

logo-print

Привремено примирје во јеменскиот град Аден


Борците лојални на протераниот јеменски претседател Абд Рабу Мансур Хади прогласија двочасовно примирје во јужниот град Аден по повиците на хуманитарните групи. Од минатиот месец траат борбите во пристанишниот град меѓу борците на Хади и шиитските бунтовници Хути. Според соопштението, хуманитарните групи ќе може да им пружат помош на раселените лица и да ги лечат повредените.

XS
SM
MD
LG