Достапни линкови

Доживотен затвор за напаѓачите врз Малала


Десетмина милитанти обвинети за учество во оружениот напад врз младата активистка Малала Јусафзаи во 2012 година, се осудени на доживотен затвор, објави антитерористичкиот суд во пакистанската провинција Хибер Пахтунхва. Франс прес јави дека се смета оти Араулах Кан, човекот осомничен за отворање оган врз Малала, се наоѓа во бегство во Авганистан. Во Пакистан, оние кои се осудени на доживотна казна затвор мора да одлежат минимум 25 години затвор, пред стекнување на правото за помилување. Властите соопштија дека осудените на доживотен затвор се поврзани со пакистанските Талибанци.

Малала, која го преживеа оружениот напад кога беше погодена во главата, продолжи да се бори за правото на сите деца, вклучувајќи ги и девојчињата, на образование. Малала, која сега има 17 години, во 2014 година ја доби Нобеловата награда за мир.

XS
SM
MD
LG