Достапни линкови

Времето сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава.

Утринската температура се движи од еден до девет, а дневната ќе биде од 19 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност.

Утре во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Од понеделник ќе има значителен пораст на температурата како на дневната, така и на утринската. Ќе се движи од 23 до 29, а во вторник од 26 до 32 степена.

XS
SM
MD
LG