Достапни линкови

Авганистанските сили се борат со талибанците во Кундуз


Авганистански војници во Кундуз

Авганистански војници во Кундуз

Авганистанските безбедносни сили продолжуваат со борбите против талибанците во северниот Кундуз со цел да ги принудат да го напуштат градот. Но и по една недела од борбите во покраината владините сили се соочуваат со потешкотии и се уште не можат да ги поразат милитантите. Во меѓувреме околу 2000 талибанци ја имаат контролата врз одредени територии во покраината, вклучително и позиции на југот на Кундуз каде се наоѓа аеродромот. Градоначалникот Омар Сафи изјави дека главниот град на покраината нема да падне во рацете на талибанците.

XS
SM
MD
LG