Достапни линкови

СДСМ: Како СГС добива милиони од Владата


Прес конференција на Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарц

Прес конференција на Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарц

СДСМ објави бомба од Кавадарци во која, како што велат, може да се чуе за злоупотреби на приватни фирми за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ и за тоа кој стои зад фирмата за обезбедување СГС, која, според СДСМ добива милионски износи од владата на Никола Груевски.

Така наречената бомба на опозицијата која денеска беше објавена во Кавадарци во голем дел беше посветена на, како што рече претседателот на општинскиот огранок на СДСМ, Зоран Ѓоргиев, поврзаноста на агенцијата за обезбедување СГС со шефот на УБК Сашо Мијалков.

Јавноста ќе ја дознае вистината, како тоа оваа компанија, за период од само три години, успеала да склучи договори вредни 15 милиони евра, рече Ѓорѓиев, најавувајќи снимка на која, како што додаде, се слушале гласовите на Мијалков и Слободан Николовски-Цобе, кој во медиумите претходно се посочуваше како надворешен соработник на СГС. Двајцата, додаде Ѓорѓиев, зборувале како да обезбедат бизнис со Т-Мобиле за агенцијата и тоа преку извршниот директор Жарко Лукоски.

„Машки глас 1: Ало. Директоре, само една консултација со Вас, може да зборите?

Машки глас 2: Може.

Машки глас 1: Вака, пошто не се видовме а во 14 часот сме договорени со Телеком...

Машки глас 2: Да.

Машки глас 1: Ме бараат за преговори, за договори за финален, така го нарекоа тие, состанок.

Машки глас 2: Добро.

Машки глас 1: Е сега прво околу оној оперативниот дел од работата, како ќе ја извршуваат, тоа не е проблем, тоа ние ќе си го договориме.

Машки глас 2: Добро.

Машки глас 1: Него, ако евентуално околу цените или...

Машки глас 2: Не, тука ќе играте малце по, по нефлексибилно би рекол, потврдо.

Машки глас 1: Мхм.

Машки глас 2: Ама коориднирај се со нивниот директор.

Машки глас 1: Со кој? Со Жаре?

Машки глас 2: Да, да.

Машки глас 1: Ај јас ќе се слушнам.

Машки глас 2: Јас сега ќе му се јавам на него, да.“

Во друг телефонски разговор, пак, како што рече Ѓоргиев, се слушале гласовите на Мијалков и Муса Џафери од ДУИ кој му забележувал на шефот на УБК дека луѓе од ДПА работат во агенцијата.

„Машки глас 1: Во таа агенцијата за обезбедување...

Машки глас 2: Да.

Машки глас 1: СМС, не знам како се вика...

Машки глас 2: СГС.

Машки глас 1: Е. Има некои членови, вака битни активисти на ДПА од Чаир, но и некои кои се гонат...

Машки глас 2: Знам.

Машки глас 1: Ми пренеле дека работат за таа агенција.

Машки глас 2: Ќе го решиме тоа брзо.

Машки глас 1: Е така. Или заради тоа...

Машки глас 2: Ја чекав да ми кажат имиња, и сеуште не ми дадоа имиња. Мене ми рекоа ќе ги отстраниме, ми ургираа од друга страна, од кај вашиот, од кај овој...

Машки глас 1: Пошто тие...

Од кај овој бе, од кај вашиот од Чаир...

Ааа..ама мене ми пренеле дека тие се, без разлика тие се, неможе да бидат сите ДУИ. Ама ако се знаат дека се проблематични...
Машки глас 2: Не бе, ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат? Ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат ДУИ.“

На прес-конференцијата беа пуштени и снимки за кои Ѓорѓиев вели дека биле доказ оти во пресрет на локалните избори во 2013 година во Кавадарци се злоупотребубале приватни фирми за партиски цели, споменувајќи разговори на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот Александар Панов во кој тие ги споменуваат фирмите Кожувчанка и локален маркет со градот.

Во еден од разговорите рече Ѓорѓиев се слушало и како министерот за финансии Зоран Ставрески барал од Панов да му обезбеди одење во фабриката ИГМ каде што претходно бил претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Машки глас 1: Кај Гечев бил, па дали да идам и јас кај Гечев тоа сакав да те прашам.

Машки глас 2: Па не ќе е лошо, некња Гечев имаше убава изјава у Капитал за нас.

Машки глас 1: Аха.

Машки глас 2: Не ќе е лошо, Гечев, гледај јас на министерот Јанакиески му кажав ако отиде премиерот мислам ќе ни биде полн погодок.

Машки глас 1: Не може премиерот сега да.

Машки глас 2: Знам, знам... Ама он вака вика ако дојде тука ќе изјавам дека од ваа влада нема подобра, јавно тоа ќе го кажам и после можеме тоа како убав спин да му го употребиме нели еве кандидатот и за премиер на ес де ес кажува добро за ова влада
Машки глас 1: Не, доволно е ние утре да направиме средба и да го покриеме ова што Заев бил таму, тоа ми е целта.“

Инаку ова беше 28 прес-конференција на која СДСМ ги објавија т.н. бомби.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG