Достапни линкови

Отстранети постери со ликот на Сталин во Дагестан


Јозеф Сталин

Јозеф Сталин

Големи постери со ликот на советскиот лидер Јозеф Сталин кои беа поставени на јавни места на почетокот на неделата во главниот град на Дагестан, Махачкала денеска се отстранети. Поставувањето на постерите наиде на критики на интернет. Некои од постерите на кои е прикажан Стаил со други советски лидери и воени команданти не биле отстранети.

Во Москва и во некои други руски градови исто така се појавија постери со ликот на Сталин во знак на одбележувањето на 70 годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората Светска Војна.

XS
SM
MD
LG