Достапни линкови

СДСМ Кавадарци-Злоупотреба на фирми за партиски цели


Претседател на СДСМ во Кавадарци Зоран Ѓорѓиев денеска објави снимени телефонски разговори, во кои според опозицијата можеше да се слушне за злоупотребите на приватни фирми во градот за партиски цели на ВМРО ДПМНЕ, оставката на градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, како и за тоа кој стои зад фирмата за обезбедување СГС која, според СДСМ добива милионски износи од владата на Никола Груевски. Ѓорѓиев изјави дека во аудио снимките може да се слушне како Панов, во разговори со министри признава дека советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за последните локални избори „не е убава“.

XS
SM
MD
LG