Достапни линкови

logo-print

Виетнам одбележува 40 години од крајот на војната


Виетнам ја одбележува 40 годишнината од крајот на војната по која во земјата завладеа комунистичкиот режим. Околу 6000 војници и цивили учествуваа во парадата на улиците низ главниот град. Тие носеа транспаренти испишани со зборовите „Да живее Славната Комунистичка партија на Виетнам“. На 30 април во 1975 година комунистичките трупи од северен Виетнам го освоија главниот град на јужниот дел, кој подоцна го доби името Сајгон. Најмалку 3 милиони Виетнамци беа убиени за време на конфликтот.

XS
SM
MD
LG