Достапни линкови

Ни Бан Ки Мун не може да ви помогне, ако вие не сакате


Се уште се надевам дека оваа земја со сигурност ќе се врати на евроатланскиот пат што побрзо, рече евроамбасадоро Аиво Орав.

Сериозни одлуки се потребни во следните неколку денови и тие не треба да ги имаат предвид партиските интереси и рејтинзи. Во следниот период очекуваме повеќе дела, а помалку убави зборови, порача евроамбасадорот Аиво Орав, на денешната прес конференција посветена на одбележувањето на денот на Европа на 9 ти мај.

Ние сме на раскрсница и во следните денови и недели потребно е да видиме дали има или нема почит кон европските вредности.

„Кога пред неколку години зборувавме за европските вредности, зборувавме за нешто што е многу далечно и не можеме да го достигнеме. Сега сме на средината. Ние сме на раскрсница и во следните денови и недели потребно е да видиме дали има или нема почит кон европските вредности. Истовремено се уште се надевам дека оваа земја со сигурност ќе се врати на евроатланскиот пат што побрзо и дека тој пат е поддржан од страна на мнозинството граѓани во земјава“, изјави Орав.

Запрашан за тоа дали Европската унија е задоволна од начинот на кој Владата се справува со аферата со прислушувањето, ако се има предвид и неодамнешното барање на германската амбасадорка за оставки со цел да се обезбеди независна истрага за случајот, Орав со одговор:

„Кога минатата недела земјите членки на Европската унија ги усвоија заклучоците на Европскиот Совет во Брисел, тие го употребија терминот сериозно загрижени. Дипломатски, нема многу што да додадеме. Сериозно загрижени. Иако оваа одлука не го доби потребното внимание во оваа земја, а јазикот е многу јасен. И во моето последно интервју тука, избројав дека сум го употребил овој термин загрижени 10, 15 пати. А тоа значи дека не сме многу среќни со тоа што се случува овде“, изјави Орав.

Доколку не се направат поголеми чекори во смисла на надминување на сегашните предизвици што ги има Република Македонија, може да се случи во октомври, да не биде во состојба уште една да пишува препорака за започнување на преговорите со Република Македонија.

Орав вели дека на разговорите во Брисел меѓу власта и опозицијата со посредство на европските парламентарци, треба да им се даде шанса, иако според него најважен е компромисот меѓу двете страни, а не медијаторот.

„Не е важно кој е медијаторот, дури и да е генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, не сум сигурен дека ќе има подобри резултати ако партиите не стават сериозни предлози на маса за излез од оваа ситуација. Рамката е се уште тука, а ние ги нудиме нашите добри услуги“, вели Орав.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими изјави дека имиџот на земјава е нарушен, но тврди дека шансата за влез на Македонија во Унијата не е изгубена, иако како што додаде не е ниту гарантирана.

„Доколку не се направат поголеми чекори во смисла на надминување на сегашните предизвици што ги има Република Македонија, може да се случи во октомври, да не биде во состојба уште една да пишува препорака за започнување на преговорите со Република Македонија.“

И според Орав оваа опозиција е можна,особено ако како што рече во наредниот период не видат позитивни активности. Се надевам дека политичарите ќе сфатат дека немаат многу време за да се погрижат околу одредени прашања, бидејќи ако не видиме ништо позитивно за да го ставиме во октомврискиот извештај за напредок, тогаш комисијата ќе се најде во тешка ситуација да одлучи дали да ви даде препорака за почеток на преговори или не, порача евроамбасадорот Орав.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG