Достапни линкови

Секој четврти Македонец сиромашен во 2013


Државниот завод за статистика објави дека стапката на сиромашни лица во Македонија во 2013 година изнесувала 24,2 отсто врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Најголема е стапката на сиромаштијата кај домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца, која изнесува 24,8 проценти.

Стапката на сиромашни вработени лица е 11,1 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 10,9 отсто. Бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштијата во 2013 година изнесувал 500.400. Податоците покажуваат дека 40,3 отсто имале потешкотии со плаќање кредит или сметки за комуналии, 70,6 отсто не можеле да си овозможат да платат еднонеделен одмор во текот на годината, 23,7 отсто да имаат автомобил.

XS
SM
MD
LG