Достапни линкови

Пакистан-Осудени 10 лица за нападот врз Малала Јусуфзаи


Малала Јусуфзаи

Малала Јусуфзаи

Пакистанскиот суд осуди на доживотна казна 10 лица кои биле вмешани во нападот на активистката Малала Јусуфзаи. Лицата кои биле поврзани со пакистанските талибанци беа уапсени во септември 2014 година во заедничка операција на војската, полицијата и разузнавачките служби.

Генералот Асим Бајва изјави дека актуелниот лидер на пакистанските талибанци Маулана Фазлулах стои зад обидот за убиство на Малала. 17 годишната Малала, која беше застрелана во главата ја доби Нобеловата награда за мир минатата година за нејзината борба за правата на децата на образование.

XS
SM
MD
LG