Достапни линкови

Тројно зголемена илегалната миграција во Македонија


Илустрација. Мигранти од Сирија и Ирак во парк во Белград.

Илустрација. Мигранти од Сирија и Ирак во парк во Белград.

Се зголемува бројот на баратели на азил во Македонија. Ако во 2008 биле регистрирани 50 бегалците од воени подрачја кои бараат азил, минатата година нивниот број изесувал повеќе од 1.200.

Од почетокот на годинава до сега 550 луѓе кои бегаат од воените подрачја побарале азил во Македонија покажуваат податоците на македонското здружение на млади правници. Според нивната статистика во 2008 биле регистрирани 50 луѓе, додека лани бројката достигнала 1.283. Во изминативе две-три години најчести баратели на азил се Сиријци, Авганистанци и Сомалијци. Со правната помош од Здружението, минатата година 11 Сиријци во Македонија добиле статус на бегалец.

Во суштина тоа е единствениот начин како ние би можеле да спречиме вакви незгоди да се случуваат и Македонија да биде гледана како земја која не ги почитува основните човекови права, пред се правата на живот на овие лица.

Мигрантите годинава станаа видливи за јавноста, по железничките несреќи во кои, според податоците на Здружението, од минатото лето загинаа 27 луѓе.

Мартина Смилевска од Здружението на млади правници, вели дека не треба да дозволиме патот од Гевгелија кон Европа за мигрантите да стане пат кон неизбежна смрт, доколку возот е побрз, а клисурата премногу тесна.

Мартина Смилевска, Здружение на млади правници.

Мартина Смилевска, Здружение на млади правници.

„Можеби не е точна компарацијата, меѓутоа ние ја гледаме во однос на обемот, нешто слично на несреќата која се случи близу островот Лампетуза во Италија. Она што ние сакаме да препорачаме во суштина е дека не треба Македонија да биде таа што нема да ја овозможи заштитата што можела да ја овозможи, а тоа најмногу се однесува во градење на транспарентни системи на заштита, и во однос на идентификување на правите потреби на овие луѓе. Во суштина тоа е единствениот начин како ние би можеле да спречиме вакви незгоди да се случуваат и Македонија да биде гледана како земја која не ги почитува основните човекови права, пред се правата на живот на овие лица“, вели Мартина Смилевска од Здружението на млади правници.

Така што кога ќе влезете внатре тоа е еден затворен простор во кој престојуваат многу луѓе, кои што немаат доволно кревети, простор кој што е загушлив, простор кој што е недоволно хигиенски одржуван, и сето тоа сметаме дека пред се заради тоа што нивниот затворен третман, односно повеќе месечното држење во тој затворен објект.

Според бројките на Министерството за внатрешни работи, илегалната миграција во земјава е тројно зголемена во однос на лани, односно во 2014 година биле регистрирани 41.314 мигранти од кои половина потекнуваат од Сирија, а 40 проценти од Авганистан. Додека во период од 2001 до 2010 година вкупниот број на нелегални мигранти кои биле откриени од полицијата изнесува 29.605.

Советничката за превентива од тортура на Народниот правобранител, Аница Томшиќ Стојковска.

Советничката за превентива од тортура на Народниот правобранител, Аница Томшиќ Стојковска.

Во извештајот на МВР е наведено дека годинава миграцијата зазеде загрижувачки размери. Мигрантите се криумчарени најчесто од македонските државјани кои со помош на локалното население изнаоѓаат најразлични модуси и рути од гевгелискиот до скопско-кумановскиот регион. Во извештајот е наведено дека во црниот бизнис со криумчарење на мигранти се вклучени и полицајци, а лани 4-ца од нив се и крвично гонети. Полицијата вели дека не успева да дојде до организаторите на криумчарењето само до транспортерите.

Смилевска вели дека е потребно да се спроведува во целост законот за азил и привремена заштита, според кој потенцијаните баратели на азил или помош, треба да ги поднесат барањата во најблиската полициска станица, или на граничен премин.

„Оттука ова е најбитната алатка за заштита на барателите на азил да не мора да чекаат да дојдат до Скопје, туку барањето да го поднесат во најблиската станица или пак на самата граница, со што може да се намали бројот на жртвите во железничките несреќи.

Таа додава дека праксата покажала разделеноста на фамилиите, односно дел од фамилијата да преминат граница, а другиот дел да остана во соседна држава, што е еден од најболните проблеми на мигрантите, вели Смилевска.

„Ние имаме позитивни примери во соработката со останатите невладини организации на територија на Западен Балкан кои се занимаваат со оваа проблематика. Имавме случај како успеавме да соединиме една фамилија, таткото се наоѓа во Србија, а мајката и детето беа во Македонија, па добивме сега информација дека се заедно и здрави и живи во прифатен центар.“

Мигрантите кои што стануваат дел од македонскиот систем се сместуваат во две прифатилишта, едното е од отворен тип, тоа е за барателите на азил во скопко Волково, а другото е од затворен тип и спаѓа во видот прифатилиште за странци во скопската населба Гази Баба. Таму движењето на овие луѓе е многу ограничени и не им е дозволено да излегуваат надвор од просторите на поранешната градинка, како да се во притвор.

Советничката за превентива од тортура на Народниот правобранител, Аница Томшиќ Стојковска, која работи на терен, вели дека условите во прифатниот центар за странци се лоши.

„Услови во кои реално нема место за сите, самите предуслови кои ги има тој објект не дозволува можност за сите тие лица, кои што се внатре затворени, да излезат надвор на прошетка, иако правилникот тоа го уредува како можност. Така што кога ќе влезете внатре тоа е еден затворен простор во кој престојуваат многу луѓе, кои што немаат доволно кревети, простор кој што е загушлив, простор кој што е недоволно хигиенски одржуван, и сето тоа сметаме дека пред се заради тоа што нивниот затворен третман, односно повеќе месечното држење во тој затворен објект.“

Таа додава дека годинава е енормно зголемен бројот на луѓе сместени во прифатниот центар.

„При првата посета што ја имавме 2011 година затекнавме само едно лице, веќе 2012 и 2013 година бројката варираше од 50 до 70 лица и тука капацитетите можам да кажам дека беа во една нормала, додека минатата година имаше ситуација во која затекнавме во еден момент на лице место 260 лица во центарот за странци. “

Според препораките на УНХЦР сите државјани кои мигрираат од Сирија, согласно меѓународните норми треба да се третира како потенцијален барател на азил и да добијат соодветна заштита. Според регионалната иницијатива на УНХЦР и ИОМ која ја поддржуваат сите балкански земји, потребно е заедничко делување на институциите во Југоисточна Европа за справување и нудење на квалитетна помош на луѓето кои што бегаат од војна.

Земјава е дел од таканаречената „Балканска рута“, која стартува од турско – грчката граница од каде што на мигрантите им се отвораат три опции за движење. Првата е по воздушен пат со влез во шенген зоната, потоа по воден пат со ферибот до Италија и третата е по копнен пат низ земјите од Западен Балкан до ЕУ.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG