Достапни линкови

Ји: власта да се справи со прислушувањето, СДСМ да се врати во парламентот


Американскиот заменик помошник Државен секретар Хојт Ји го повтори повикот до македонските власти да се справат со случајот со прислушувањето, како и повикот до опозициската партија СДСМ да се врати во Собранието. Тој синоќа говореше на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом заедно со Сузан Фриц, раководител на одделението за Европа и Евроазија на агенцијата УСАИД.

Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време ние и нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се реши кризата. Загрижени сме и за растечките разлики меѓу етничкото македонско мнозинство и етничката албанска заедница. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија останува важна за да се постигне траен мир и стабилност во регионот. Со новата Влада во Атина ги поттикнуваме двете страни да постигнат заемно прифатливо решение на таканаречениот спор за името кој го блокираше напредокот на земјата во евроатланските интеграции, изјави Ји.
Тој се осврна и на целиот балкански регион, велејќи дека американски
приоритет останува да се работи на интегрирањето на регионот во НАТО и во Европската Унија, оценувајќи дека сепак оваа американска визија е под закана како никогаш до сега по крајот на Студената војна, поради кризата во Украина.

Ји додаде дека е точно оти процесот на проширување и интегрирање во Европската Унија е забавен, поради инсистирањето на Унијата на воведување повисоки и построги стандарди за идните земји членки.

XS
SM
MD
LG