Достапни линкови

logo-print

Иванов очекува брзи ефекти од средбите во Азербејџан


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја оцени за успешна посетата на Азербејџан, во чии рамки имаше средба со шефот на азербејџанската држава Илхам Алиев, учествуваше на третиот Глобален Баку форум и на Меѓународната конференција за човечки развој, а се обрати и на бизнис форум на кој беа претставени потенцијалите на Македонија и поволностите што се нудат за странски инвестиции.

Тој изјави дека на средбата со Алиев двајцата констатирале оти добрите политички односи треба да се преточат во многу поуспешни економски односи.

Ние веќе две години во Азербејџан имаме наш економски промотор и тоа беше можност да се организира бизнис форумот на Азербејџанско-турската стопанска комора на кој нашите претставници на Агенцијата за странски инвестиции ги претставија можностите кои ги нуди македонското стопанство и можностите во Македонија за нивните компании да почнат бизниси и да соработуваат. Ова беше многу успешна посета и очекуваме од контактите и средбите што се остварени за време на оваа посета во најкратко време и да се ефектуираат. И претседателот Алиев најави посета на Македонија, веројатно тогаш ќе има можност и за бизнисмените од Азербејџан да ја посетат Македонија и да ги видат потенцијалите што ги нуди Македонија, рече Иванов.

XS
SM
MD
LG