Достапни линкови

САД: Иран да помогне за почеток на разговори во Јемен


Џон Кери и Мохамад Зариф

Џон Кери и Мохамад Зариф

САД побарале помош од Иран за да се натераат завојуваните страни во Јемен да почнат разговори за политичко решение, за време на неодамнешната средба на министрите за надворешни работи на двете земји. Иран е сојузник на Хути милициите кои во септември го зазедоа главниот јеменски град Сана, барајќи поширока влада. Шиитските Хути оттогаш се проширија кон југ, што ја вознемири Саудиска Арабија, која има сунитска власт, па затоа почна кампања на бомбардирање против нив. Портпарол на американскиот Стејт департмент потврди дека Државниот секретар Џон Кери побарал од шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, Техеран да го искористи своето влијание за да се доведат двете страни на разговори.

XS
SM
MD
LG